Раководството на Реал Мадрид нема да потпише нови играчи во зимскиот преоден рок, објави „Марка“. Шпанскито весник забележува дека тренерот Зинедин Зидан ќе се ослони на постојните фудбалери, а во нападот кој е„најпроблематичен“ довербата ја дава на Еден Азар, Герет Бејл и се надева на напредок на Лука Јовиќ.
Претходно беше објавено дека „Кралскиот клуб“ повторно ќе се обиде да го донесе во Мадрид, играчот од средниот ред Манчестер јунајтед, Пол Погба.
Оваа сезона, Реал Мадрид има 37 бода по 18 кола. Тој е два бода зад лидерот на табелата Барселона.
Во Лигата на шампионите Реал се пласира во осминафиналето, каде ќе игра со Манчестер сити.