Мајк Мелоун, актуелен тренер на Денвер нагетс, останува во НБА лигашот од Колорадо до 2023 година. Тој е во екипата од 2015 година, минатата сезона го имаше најмладиот ростер во плејофот на американската професионална кошаркарска лига која беше на чекор до финале во Западната конференција.

Нагетси се моментни втори на Западот и сето тоа беше одлична препорака за раководството на клубот да се реши за продолжување на соработката со Мелоун.

Четириесет и осумгодишниот Мелоун долги години беше во улога на асистент во НБА тимовите, а првиот ангажман како главен тренер го имаше во Сакраменто во сезоната 2013/14.