Раководството на Ла Лига не го прифати барањето на Реал Мадрид за одложување на натпреварот против Осасуна, потврдувајќи дека мечот во Памплона ќе се игра вечерва во закажаниот термин.

Претходно, актуелниот шпански првак побара нов термин за натпреварот, по најавите на метеоролозите дека реонот на Памплона во попладневните часови ќе биде погоден од снежната бура Филомена.

Експедицијата на Реал синоќа со задоцнување од три часа полета од мадридскиот аеродром и доцна во ноќта пристигна во Памплона.

Поради снежната бура која предизвика сообраќаен хаос во делови на Шпанија веќе е одложен денешниот натпревар во шпанското првенство меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, а нема да се одигра ниту големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона во првата шпанска лига во женска конкуренција.