Еден од најискусните играчи во тимот на Реал Мадрид не е задоволен од неговиот статус во текот на оваа кампања, згора на тоа, досега, во сите негови седум сезони на „Сантијаго Бернабеу“, тој секогаш бил безусловен стартер во најважните моменти.

Станува збор за Лука Модриќ. Поранешниот добитник на „Златната топка“ бележи слаба кампања 2018/19 и разочара. Тој настапува на подобро ниво оваа сезона, заедно со „кралскиот“ клуб, но остава впечаток дека на најважните досегашни натпревари – со ПСЖ, Атлетико (Мадрид) и Барселона, тој не беше носител (само на првиот меч со ПСЖ не беше на линија поради повреда).

Ова во најголем дел се должи на одличниот настап на Феде Валверде во средниот ред на „белиот балет“. Модриќ (34) напорно тренираше да биде меѓу носителите и не е задоволен од неговиот статус на резерва во најважните натпревари, пренесува „Марка“.

Можно е понуди за него да пристигнат наскоро, додава изданието.