Американската група „Фридкин“ ќе го купи главниот удел на Рома.

Сепак, цената е пониска од очекуваната. Според „Месаџеро“, договорот ќе биде за 780 милиони евра, а првично беше објавено дека сегашните сопственици бараат 800 милиони фунти.

Италијанскиот весник тврди дека продажбата на „волците“ е во завршна фаза, а решавачките преговори се одвивале во деновите околу Божиќ.

Од 2012 година „џалоросите“ се во сопственост на американскиот бизнисмен Џејмс Палота, кој најверојатно ќе остане како малцински акционер во клубот.

Плановите за продажба на Рома нема да вклучуваат планови за нов стадион за клубот, бидејќи сè уште не е добиена официјална дозвола од надлежните.