Реал Мадрид е подготвен да му го отстапи Марко Асенсио на Ливерпул во замена за Садио Мане, објавија британските медиуми.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е заинтересиран за ваков трансфер и многу веројатно ќе го прифати предлогот на „кралскиот клуб“.
Минатата сезона, Асенсио настапи на 43 натпревари за Реал Мадрид, постигна шест гола и забележа четири асистенции.
Од друга страна, Мане одигра 50 натпревари за Ливерпул постигна 26 гола и направи две асистенции.
На фудбалскиот пазар цената на 27-годишниот Сенегалец изнесува 120 милиони евра, додека Асенсио е проценет на 60 милиони.
И двајцата имаат важечки договори со своите клубови до јуни 2023 година.