Реал Мадрид планира наскоро да го обнови договорот на Карим Бензема, пренесува весникот „Марка“.
Продолжувањето на договорот е приоритет за „кралскиот клуб“, откако Французинот стана клучен играч во составот по разделбата со Кристијано Роналдо.
Тековниот договор на напаѓачот е до летото 2021 година, а планот е да остане на „Сантијаго Бернабеу“ барем до 2023 година. Исто така, се очекува играчот да добие покачување на платата, што никако нема да биде мало.
Кон средината на декември, Карим ќе има 32 години, а доколку се повтори, тоа значи дека ќе остане во Реал Мадрид барем најмалку до 35 години, со што ќе запише извонредна кариера со „белите“, каде игра од 2009 година.
За Бензема, исто така, се смета дека е подготвен да остане, но само ако се чувствува ценет, а исто така сака тимот да се бори за трофеи, откако работите не одат добро на тоа поле во последните 2 сезони .