Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, не учествуваше на тренингот на „бјанконерите“ вчера. Ова предизвикува сериозно прашање дали тој ќе игра во дуелот со Аталанта во сабота.

Триесет и четири-годишниот офанзивен фудбалер играше и во двата натпревари за репрезентацијата на Португалија за квалификациите за ЕП 2020, иако порано имаше извештаи дека страда од повреда. Сега тој се подготвува по индивидуална програма и не учествуваше во главната активност на тимот.

Добрата вест од таборот на Јувентус е дека Миралем Пјаниќ е опорабен и продолжил со нормални активности. Сепак, ова не важи за Адриен Рабио и Алекс Сандро, кои продолжуваат да се подготвуваат одделно од главната група.

Дуелот во Бергамо ќе биде доста тежок за тимот од Торино. Аталанта настапуваше добро од почетокот на сезоната и се наоѓа на 5-то место во привремениот пласман во Серија „А“ со 22 бода.