Со две победи против Џирона, Реал Мадрид избори пласман меѓу четирите најдобри во шпанскиот фудбалски куп.

Предводени од двојниот стрелец Карим Бензема, Реал синоќа триумфираше со 3:1 на гостувањето кај Џирона во реваншот од четвртфиналето и со вкупни 7:3 оди во следната фаза.

Претходно учество во полуфиналето од Копа дел Реј обезбедија: Барселона, Валенсија и Бетис.