Во прашање е шејк или смути, можете да го наречете како сакате. Идеален начин да го исчистите вашиот организам од стресната работна недела или лоша исхрана предизвикана од брзање и прекумерно работење.
Овој рецепт од д-р Фурман, автор на многу книги за здравје и исхрана, е многу корисен.
1. Калинки (две цедени калинки со средна големина)
Најмоќниот антиоксиданс меѓу овошјето!
– Антиканцерогено дејство
– Го намалува крвниот притисок
– Го намалува нивото на холестерол
– Ги штити sидовите на крвните садови од појава на атеросклеротична плакета
– спречува остеопороза
– Има позитивен ефект врз луѓето кои страдаат од депресија
2. Боровинки, капини, малини, јагоди (Едно пакување замрзнато овошје, 250 гр, мешавина од црвено овошје, комбинација на боровинки, малини, капини, јагоди…)
3. Лен (две кафени лажички ленено семе)
4. Авокадо (оригиналниот рецепт содржи половина авокадо, неговите придобивки се неспорни, но кај нас е потешко да се најде, па затоа наместо авокадо ставете половина банана како замена)
5. Мед (една голема лажица мед)
6. Спанаќ (според оригиналниот рецепт се става неколку лисја спанаќ. Но, ако сакате може да ставите свежа зелка или целер или спанаќ. Тоа нема да влијае многу на вкусот, а секако и моќта на самиот шејк ќе се зголеми).
7. Јогурт (Половина чаша некаков овошен јогурт, млеко без лактоза или оризова вода ќе ја направи оваа здрава мешавина полесна за пиење)
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и за околу 3-4 минути ќе имате барем две големи чаши одличен пијалок, фантастичен вкус, по кој вашето тело ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!