Мајчина душица не е само зачин. Оваа разноврсна билка е полна со витамини. Мајчина душичка е полна со витамин Ц, исто така е одличен извор на витамин А. Содржи бакар, растителни влакна, железо и манган.

Истражувањата покажаа дека мајчина душица помага при артритис, ревматизам и гихт. Ги лекува дигестивните проблеми и одлично ги санира проблемите со уринарниот тракт.

Мајчината душица ќе помогне во лекување на акни, високиот крвен притисок. Ако имате настинка, чајот од мајчина душица ќе ви го врати здравјето. Исто така, третира главоболка, кашлица и треска.

Најдобро е да се користи свежа мајчина душица која многу лесно се одгледува во саксии или градини. Во отсуство на свежа мајчина душица, може да се користи и сушена.

Рецепт за чај од мајчина душица

За чај ви се потребни: 2 гранчиња свежа мајчина душица; 300 до 500 ml топла вода; свеж лимон и домашен мед.
Ставете ја мајчината душица во чаша и истурете зовриена вода. Оставете сè да отстои околу 15 минути. Отстранете ги гранките, а потоа додадете сок од лимон и малку мед (лимонот и медот не се задолжителни).

Пијалак од мајчина душица кој го лечи целото тело:

За овој здрав пијалак ви се потребни: 2 везици свежа мајчина душица; 1 до 2 литри вода (филтрирана или изворска).

Готвење: Наполнете го садот со вода со собна температура и додадете ја мајчината душица. Оставете ја да се натопи преку ноќ. Наутро извадете ја мајчина душица и додадете вода од лимон и мед. Пијте ја оваа вода во текот на целиот ден. Ќе добиете инфузија на живот која го обновува целото тело.