Речиси 18 проценти од бензинските пумпи во Франција утрово останаа без барем еден вид гориво – изјави портпаролката на владата и министерка за енергетика, Мод Брежон.

Според неа, 83 проценти од пумпите што остана без гориво се оние на „Тотал енерџис“, кои во оваа ситуација ги ограничија цените на горивата на 1,99 евро за литар бензин и 2,09 евра за литар дизел – објави порталот BFM TV.

Брежон објави дека францускиот премиер Себастијан Лекорну во следните денови ќе претстави нов пакет помош за горивата, но прецизира дека помошта нема да биде универзална и дека нема да има замрзнување на цените.

Брежон рече дека пакетот ќе вклучува специфични мерки за помош на потрошувачите погодени од моментната состојба на пазарот на горива.