Речиси милион Американци минатата недела поднеле барање за надоместоци за невработеност, според Министерството за труд.

Минатата недела, до 9 јануари, 965.000 Американци побарале финансиска помош од државата. Скокот во првата недела од 2021 година е за 181.000. Ова е најголем пораст од почетокот на епидемијата во САД во март.

Најновите податоци од Федералното биро за статистика на трудот покажуваат дека во декември имало месечен пад од 140.000 работни места.

САД се уште треба да обноват 10 милиони работни места за да се вратат на нивото пред пандемијата. Невработеноста во САД  е 6,7 отсто, а 19 милиони Американци се уште се потпираат на одредена финансиска помош од државата.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден се очекува денеска ќе ги објави своите планови за закрепнување на економијата од последиците на пандемијата.