Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи ги предупреди вицепремиерот Бујар Османи и Владата ако ИВЗ не добие помош од државата, тие ќе го повлечат повикот за заштита од вирусот.
Во дебатна емисија, како што објави Журнал, Реџепи рече дека му испратил порака на Османи, како координатор на кризниот штаб, да и додели помош на ИВЗ, но досега, како што кажа тој, нема одговор.
– Ќе ги потсетам со уште едно барање, бидејќи ако не дај боже ние ја повлечеме нашата одлука, нема сила што ќе може да се бори со ситуацијата во која се наоѓаме, ви гарантирам, рече Реџепи.
Тој вели дека државата досега не обезбедила никаква финансиска помош за религиозните заедници, иако, како што кажа тој, и тие се погодени од вирусот.
Пред три недели, ИВЗ донесе одлука да не се одржуваат молитви во џамиите, а Реџепи ги повика верниците петочната молитва да се одржува дома.