РЕЏЕПИ: Со моја интервенција Пендаровски стана претседател, Зечевиќ од СДСМ и Меџити од ДУИ ме молеа да ги повикам муслиманите да гласаат

/ 17.11.2020

Поранешниот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, Сулејман Реџепи вели дека со помош на негова интервенција за време на претседателските избори, Стево Пендаровски бил избран за претседател на Република Македонија.

Тој ова го истакна до во синоќешната емисија „Клик плус“ на телевизија ТВ21, каде што истакна дека Миле Зечевиќ од СДСМ, кој бил директно пратен од Зоран Заев и Изет Меџити од ДУИ, го молеле пред претседателските избори да ги повика муслиманите од Македонија да гласат за Стево Пендаровски.

Реџепи рече дека благодарение на неговата интервенција и повик до муслиманите, Пендаровски е избран за претседател и дека тоа му го признал и самиот Стево: „Ова е твоја победа, не моја“, му рекол Пендаровски на тогашниот Реис на ИВЗ, Реџепи.

– Зечевиќ од СДСМ, претставник на Заев, а претставник на ДУИ беше Меџити кои ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што претставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за претседател на Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја, рече Реџепи во гостувањето во ТВ21.


Од истата категорија