Елка Јачева Улцер денеска не почести со еден цитат од Реџиналд де Бреј во кој ја изложува судбината и иронијаа на македонскиот народ и јазик.
„Каква иронија на историјата, народот чии рпедци им го дале на Словените првиот литературан јазик, беа последни на кои им с епризна јазикот како псоебен словенски јазик, различен од соседните бугарски ис рпски“
Реџиналд де Бреј.
Инаку, Реџиналд де Бреј бил македонист, славист, научен работник, полиглот и преведувач.
Роден е во 1912 година во Санкт Петербург. Починал 1993 г. во Кнбера, Австралија. Бил професор по руски јазик на Лондонскиот универзитет, на факултетот за славистички и источни студии. Основач на катедрата за руски јазик на Монашкиот универзитет и професор по руски јазик на Австралискиот национален универзитет каде што се пензионирал во 1977 година. Член на повеќе меѓународни лингвистички асоцијации и друштва, а низа години ги претставуваше австралиските и новозеландските слависти во Меѓународниот комитет на славистите. Член на надворешниот состав на МАНУ. Тој е еден од првите слависти кои по Втората светска војна доаѓа во Македонија и оттогаш македонскиот јазик станува негова преокупација. Негово капитално дело е „Водич низ словенските јазици“ во кое рамноправно со другите словенски јазици е претставен и македонскиот јазик. Професорот Реџиналд де Бреј ја задолжил македонската култура и со своите преводи на поезијата на Радован Павловски на англиски јазик. Дел од тие преводи објави во Австралија во книгите Слободна песна од Железна Река (Канбера 1983) и Пат за в планина (Канбера 1985). Реџиналд де Бреј е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.