До крајот на годината задолжително најмалку по 300 евра ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор.

Согласно законот, газдите до 31 декември треба да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40 отсто од просечната плата, а најмногу 100 отсто.

К-15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор.

Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согласно законот е утврден на 40% од просчената исплатена плата и за оваа година сумата е 18.141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12.372 денари.

Минатата година имало само 22 пријави за неисплатен К-15 од вкупно 4,000 работници и тоа претежно од текстилната индустрија.

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К-15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.