СДСМ стана трета партија, а ВМРО ДПМНЕ е со убедливо највисок рејтинг, покажува телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.
Една четвртина од испитаниците изјавиле дека на наредните избори ќе гласаат за политичката партија ВМРО- ДПМНЕ (25,1%), потоа следуваат ДУИ со 9,7%, СДСМ со 9,5% и Левица со 7,1%.
Најголема промена во довербата на гласачите има кај партијата СДСМ каде процентот на испитаници кои се изјасниле дека ќе гласаат за оваа партија е намален од 12,4% во месец февруари на 9,5% во септември 2023 година.
Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека ниту една од постојните партии нема капацитет да реализира најдобра економска програма. Сепак, најголем дел од граѓаните имаат доверба дека тоа може да го стори ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.