Рударско-енергетскиот комбинат Битола најави краткотрајно исклучување на Блок 2 заради намалување на корисното дејство на истиот, а како последица на пројавената неисправност на групата загревачи за висок притисок.
Од РЕК Битола, информираат дека исклучување нема да се одрази врз вкупното производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ, а со тоа и на снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите, како и на остварувањето на планираното производство на РЕК Битола за годинава, имајќи во предвид дека заклучно со денес производството е натфрлено за 18 проценти.
Блок 2, како што информриаат треба да биде приклучен на мрежа за неколку денови, а планираниот капитален ремонт на постројката предвидено е да започне на 15 август.
Од РЕК Битола, исто така, напоменуваат дека исклучувањето е последица на задоцнетиот капитален ремонт на блокот, кој согласно инструкциите на производителите на опремата требало да биде реализиран пред две години.