Блаже МИНЕВСКИ

Денеска се навршуваат точно 101 година од убиството на Тодор Александров, последниот вистински лидер на историската ВМРО. Со децении неговата ликвидација беше мистерија. Не се знаеше кој, зошто и како го организирал убиството. Сега веќе се знае дека зад неговата ликвидиција стоела бугарската влада и Воениот сојуз, а егзекуцијата била организирана со знаење, односно директно учество на Ванчо Михајлов. Како се случил трагичниот настан на Пирин?

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНОТ 

Според сведочењето на Динчо Мицов Сугарски, кој било во придружбата, односно дел од обезбедувањето составено од петмина комити, Тодор Александров бил убиен додека лежел под една од сенката крај Сугарска Река на Пирин. Имено, околу 11 часот на 31 август 1924 година, групата во која биле Александров и Протогеров, придружувани од четниците Панзо Зафиров, Штерјо Влахов, Динчо Вретенаров, Динчо Балкански и Динчо  Сугарски, тргнала со коњите од селото Горна Сушица кон селото Попово. По пат сите биле весели, а Тодор за цело време разговарал со Протогеров и со другите. По извесно време застанале кај еден мал извор за да ручаат. За цело време на ручекот Александров бил љубезен со сите, а на Динчо Мицов Сугарски, во повеќе наврати му дал неколку парчиња бело месо од кокошката. Кога завршиле со јадењето, Александров му ја подал пушката на својот телехранител Панзо Зафиров, но Штерјо Влахов веднаш се замешал, велејќи пушката да му ја даде на Динчо Мицов Сугарски за да не носи Панзо две пушки. Динчо Сугарски ја зел пушката, а потоа продолжиле кон месноста каде што требало да се одржи Конгресот на Серскиот револуционерен округ. Кога стигнале до Сугарска Река, Александров го подзапрел коњот велејќи: „Ние се најадовм,е но коњите  немаат уста да кажат дека се гладни, ние треба да се сетиме и да ги оставиме да попасат“. Сите се симнале од коњите, Александров и Протогеров седнале еден до друг продолжувајќи го разговорот, а потоа се навалиле малку да одморат. Панзо седнал малку понастрана од Тодор врз пелерината, а Динчо Балкански го направил истото од другата страна, откај Протогеров. Динчо Мицов Сугарски бил кај коњите, а четниците  Штерјо Влахов и  Динчо Вретенаров останале да стојат зад Алексдандров и Протогеров. Само што Тодор ја спуштил главата врз еден од своите два ранца, кој ги симнал од коњот, Влахов и Вретенаров стрелале во него. Во истиот миг Панзо, телохранителот на Александров, скокнал и ја грабнал пушката, но Динчо Балкански бил побрз и го застрелал без да му даде можност да интервенира. Според сведоштвото Динчо Мицов Сугарски, кој бил сведок на целиот настан, генерал  Протогеров запрепастен од тоа што се случило почнал да вика: „Што се случи, кој пукаше?“

Тогаш Штерјо Влахов му рекол: „Господин генерал, не плашете се, јас го убив Александров заттоа што ме нарекуваше кодош и сакаше да ме убие“. Генералот се онесвестил, а Динчо Сугарски, кој се уште ја имал во рацете пушката на Тодор Александров, потрчал да го попрска со вода, да го освести. Влахов и Вретенаров потоа им наредиле на Сугарски и Балкански да ги приберат труповите на едно место и да ги покријат со гранки и лисја.

Кога генералот се освестил и прибрал, ги побарал ранците на Александров, ги товарил на својот коњ и тргнале кон Попово. Пред мракот стигнале во поповски колиби, пречекани од Алеко Пашата и другите делегати.

ШТО ИМАЛО ВО РАНЦИТЕ НА АЛЕКСАНДРОВ? 

Следниот ден, веднаш откако се дознало за убистсвото, била составена  комисија со задача да ја „прегледа, опише и распореди документацијата, предметите и парите“, односно да направи протокол-опис на багажот на Александоров, всушност на архивата на ВМРО што лидерот ја носел со себе. Во записникот потпишан од Ј. Вапцаров, Г. Атанасов и Г. Ковачев стои дека „денес, на 1 септември 1924 година, во Македонија, комисијата избрана од IV редовен конгрес на Серскиот револуционерен округ го провери багажот на убиениот член на Централниот комитет Тодор Александеров и најде…“, а потоа се наведува се што имало во „двата полни ранци“ на лидерот.

Според записникот, Александров со себе ја носел буквално целокупната актуелна документација на ВМРО, почнувајќи од Уставот и Правилникот па се до печатот на Централниот комитет. Сепак, разгледувајќи ја подетално содржината на ранците, Комисијата составила списокот поделен во три дела. Во првиот дел биле попишани документите и предметите кои требало да му бидат предадени на Централниот комитет, односно на Александар Протогеров; во вториот дел биле ставени предметите кои треба да бидат однесени во еден од тајните складови на Организацијата, а во третиот дел од записникот биле набележани предметите што требало да му се предадат на семејството, односно на Евгенија Александрова, сопругата на Тодор Александров.

Се разбира, најдолг е списокот со документи и предмети кои требало да ги преземе Централниот комитет, почнувајќи од  разните писма, полномоштва и расписки, до писмени инструкции за употреба на бомби. Во овој дел од списокот меѓудругото се забележани и една книга „Македонија“, писмо со инструкции за важна претстојна дејност на битолските чети, едно писмо до Стјепан Радиќ, писмо од Чаулев од Виена до Протогеров и Александров, писмо од Кирил Прилчев од Рим, писмо од Александров до Чаулев, белешка за состојбите во ВМРО на Александров од 29 јули 1924 (значи два дена пред да биде убиен), писмо од Александров до Димитар Влахов, белешка на Тодор Александров за Ванчо Михајлов, записник за испратени 148 организациски писма, белешка на Александров до Карајовов со расписка и сметка, белешка од Димитар Влахов со условите на Андреев во врска со преговорите со Русија, расписки од Киро Наумов, Петар Асенов, Стојан Колев, Георги Лилов со точна сума во левови, телеграма од Штип, пасош на име Трајко Василев (Тодор Александров н.з.), печат на Централниот комитет на ВМРО, еден кочан расписки на Централниот комиет, две мастилници, една ќеса лекови, популарен џебен лечебник, два примерока од книгата „Народ и слобода“, снимки на поважни разбојници, Устав на Македонската тајна младешка организација, протоколи на Кумановскиот и Кратовскиот револуционерен округ, печат на Гевгелиската околија, писмо на Илинденската организација до Централниот комитет, последно писмо од Јанков, две значки за Мице Костадинов и Тодор Костадинов, Устав и Правилник на ВМРО, инструкции за употреба на рачни бомби, извештај за поголемите грабежи и разбојништва извршени во Вардарска и Егејска Македонија, извештај на Вториот редовен Скопски конгрес…

Спискот со предмети кои треба да се достават до складот на организацијата ссодржи триесетина ставки издвоени од она што било најдено во багажот на Тодор Алексдандров. Станува збор за  разни предмети, оружје и друго што  останува во сопственост на ВМРО. Според комисијата во складот требало да се  достават дваесет парабелови  патрони, две парчиња сапун, десет капсули за бомби, десет крушки од електрични ламби, шест батерии, еден бундилник, кабел за динамитна машина, дванаесет електрички капсули, дванаесет запалки за барутно полнење и друго. Освен „службените“ документи и  материјали, во еден од ранците на Александров имало и работи кои биле лична сопственост на убиениот лидер на ВМРО, а во нив, според Комисијата,  спаѓа и револверот „Броунинг“ со футрола и ремен, кој Александров, како што знаеле сите од неговото опкружување, постојано го носел со себе.

Освен тоа. на неговата сопруга требало да и бидат предадени и еден пар врвци, еден пар калци, три пара чорапи, разни портрети што ги носел во новчаникот, меѓу кои била и единствената заедничка фотографија на која е сликан тој со соругата и нивните две деца, Марија и Александар, потоа еден џемпер, еден појас, една шапка, пет шамичиња за нос, една чанта со ремен за преку рамо, еден торба… Во новчаникот што го носел кај себе биле пронајдени и пари, но Комисијата сметала дека тоа не се негови, туку пари на организацијата.

Затоа во записникот додала дека новчаникот, без парите, значи без 8050 лева, 50 италијански лири и 1000 гермнански марки, треба да и биде предаден на сопругата празен, додавајќи дека со парите ќе треба да се даде отчет пред Централниот комитет и да го раздолжи покојниот Тодор Александров пред касата на Организацијата.

Завршувајќи ја работата, Комисијата бара Серскиот конгрес да донесе одлука се што е попишано да стигне таму каде што треба и тоа да се потврди со расписка што ќе се правда пред Централниот комитет. Записникот бил направен во три примероци, од кои едниот требало да се испрати до Централниот, другиот до Окружниот комитет, а третиот да му се даде на увид на Работното тело на Серскиот окружен конгрес.

Притоа треба да се знае дека Окружниот конгрес биол под контрола на Алеко Пашата, главен наредбодевец на двајцата егзекутори, а барем двајца од луѓето што се потпишани на записникот, Георги Ковачев и Георги Атанасов се директно вклучени во подготовките и организирањето на ликвидацијата на Тодор Александров. Значи, пописот го прават оние што го убиле, а  записникот го одобрува главниот нарачател Алеко Пашата, кој го раководи Серскиот револуционерен округ.

Затоа во записникот ги нема документите со кои Александров пред Конгрсот требало да го докаже кримниналот на Алеко Пашата и Георги Атанасов. Само десетина дена подоцна, по наредба на Ванчо Михајлов, по кратка постапка, без да им се даде можност да сведочат, биле ликвидирани Алеко Пашата и Георги Атанасов, а седум дена подоцна и директните извршители Штерју Влахов и Динчо Вретенаров.

Притоа, секако, најголема полза од убиството на Александров извлекол еден од организаторите, Ванчо Михајлов, станувајќи прв човек на ВМРО, се разбира со директна помош на бугарската владеа, која веќе немала никаков проблем преку ВМРО и Михајлов да ги спроведува своите планови кон Македонија, третирајќи ги Македонците како Бугари. Сето тоа Михајлов со задоволство го работеше до крајот на својот долг живот.

СИНОТ НА ПАНЗО ЗАФИРОВ:

„Татко ми бил убиен пред да биде пукано во Тодор Александров!“

Според Ванчо Панзов од Свети Николе, син на телохранителот Панзо Зафиров, тврдеше дека во пукотниците при убиството на Пирин прво бил убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров:

„Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не и дозволиле на мајка ми да ме крсти затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не бил бугарски агент, ниту бугарски полицаец: Ако беше тоа, целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го правеле тоа шпионите“, изјави во една прилика Ванчо Панзов, син на Панзо Зафиров, главен телохранител на Тодор Александров.  

ИЗЈАВА НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ: 

„Мене ме нема таму каде што е Тодор!“

Според политичкиот извештај на Бохдан Павлу, амбасадор на Чехословачка во Софија, испратен на 18 септември 1924 година до министерот за надворешни работи во Прага, на панихидата во Софија по повод смртта на Александров присуствувале околу 10.000 – 12.000 души и биле отпечатени 63 некролози во весниците. Значи, за убиството на Тодор Алексансдров јавноста  дознала најмалку две недели подоцна. Убиството на Тодор Александров се чувало во голема тајност и за него во Софија не знаел никој. Факт е дека неколку дена по заминувањето на Тодор Александров на Пирин, каде што требало да присуствува на IV редовен конгрес на Серскиот револуционерен округ, Михајлов добил телеграма потпишана со псевдонимите на Александров, кој веќе бил мртов (кој го направил фалсификатот?) и на Портогеров во која се инсистирало Ванчо и уште неколкумина други раководители на организацијата да заминат на Конгресот.

Михајлов не сакал да оди со образложение: „Мене ме нема таму каде што е Тодор“, алудирајќи на тоа ако едниот загине, другиот треба да остане жив за да ја води организацијата. Всушност, тој знаел за плановите за убиството и се плашел да оди на Конгресот. Сепак, под притисок на останатите, морал да тргне со нив.

Додека патувале кон селото каде што се одржувал Конгресот им соопштиле за убиството. Десетина дена подоцна, кога приврзаниците на Александров тргнале од Софија за Горна Џумаја да се пресметаат со наводните физички и интелектуални убијци на Александров, Михајлов повторно се обидел да се извлече и се извлекол со наводна болест, оставајќи други да ги извршат неговите крвави нарачки.

Cопругата на Александров, Евгенија Александрова, Македонка од Гевгелија, за време на погребот му се обратила на Михајлов со остри зборови, обвинувајќи го за убиството, но, за жал, била замолчена од присутните.

МИА