Челниците на НБА лигата се загрижени поради многу малата гледаност на финалните натпревари меѓу Торонто Репторс и Голден Стејт Вариорс.
Комесарот на НБА лигата Адам Силвер се обиде да ги објасни причините за големиот пад на интересот, кој во САД е најмал уште од 2013-та година, иако во Канада е забележана рекордна гледаност поради Торонто.
Канадскиот клуб Репторс е првата франшиза надвор од Соединетите држави што влегла во НБА и тоа, според Силвер, е причина што Канаѓаните „полуделе“ по кошарката.
Фактот што големото финале не го играа два клуба од САД очигледно го намалил интересот на Американците, а комесарот на НБА како втора причина го наведува отсуството на Леброн Џејмс на финалето.
– Знаевме дека ќе имаме проблеми во Америка бидејќи немаме два тима од САД, а по осум години Леброн Џејмс не игра во финалето, изјави Силвер.
Што се однесува до финалните серии на НБА , првиот натпревар им припадна на Торонто репторс и водат во серијата.