Славниот португалски клуб и актуелен шампион сака да ангажира нов чувар на мрежата, а за таа цел добра опција за клубот од Лисабон е Кејлор Навас кој следната сезона нема да биде во Реал.

Според пишувањето на „Рекорд“, Навас не беше првата опција, бидејќи Португалците првично го посакуваа холандскиот голман на Барса, Јаспер Силесен, но не за 60 милиони евра, колку што бараат Каталонците за картонот на Холанѓанецот.

Во управата на Бенфика се сигурни дека Костариканецот Навас, кој со „кралевите“ три сезони по ред беше европски шампион,  ќе ги чини помалку отколку голманот на Барселона.