Тренерот на Челзи, Томас Тухел стана првиот тренер кој ги завршил првите пет домашни натпревари во Премиер лигата без примен гол.

Челзи синоќа го победи Евертон со 2:0 во 27. коло од Англиското фудбалско првенство и му овозможи на Германецот да се запише во историјата на лигата.

„Сините од Лондон“ го одигра својот прв натпревар во Премиер лигата на домашен терен под водство на Тухел против Вулверхемптон на 27 јануари. Овој меч заврши нерешено без голови (0:0). Следуваа победи од 2:0 над Барнли и Њукасл и уште едно реми без голови со Манчестер јунајтед.

По 28 кола, Челзи се наоѓа на 4.место на табелата со 50 бода.