Растот на цените на горивата и на храната во Велика Британија повторно доведе до рекордна инфлација, највисока за последните три децении.
Според податоците на Канцеларијата за национална статистика, потрошувачкиот индекс односно инфлацијата минатиот месец достигнала седум проценти, наспроти 6,2 отсто колку што беше во февруари годинава.
Тоа е рекордно висока стапка на инфлацијата од март 1992 година кога таа изнесуваше 7,1 отсто.
Причина за растот на инфлацијата е покачувањето на цените на горивата, прехранбените производи, како и на угостителските услуги.
Во инфлаторната стапка се уште не се додадени покачените сметки за потрошена енергија за 22 милиони британски домаќинства. Тие трошоци ќе бидат вкалкулирани во инфлатиранта стапка за април, која се очекува да биде уште повисока оттаму што сметките за енергија се покачени за 54 отсто.
Народната банка на Англија предвидува дека наредниот месец инфлацијата во земјата да достигне осум проценти.