Педесет и шестгодишниот Гезим Топчиу постигна „рекорд”, откако жителите на албанската општина Малиќ по седми пат му ја дадоа довербата да биде на чело на општината.
На неделните избори на кои албанските граѓани ја избираа новата локалната власт, Топчиу, кој беше кандидат на Социјалистичката партија доби 13.592 гласови или 66,37 отсто, додека неговиот против кандидат Алфред Гега од коалицијата „Заедно победуваме” 33,63 отсто или 6.886 гласови.
Првпат за градоначалник на општина Малиќ, округ Корча, е избран на 33-годишна возраст, а веќе 23 години е на таа функција.
По дипломирањето на Високиот земјоделски институт во Корча се вработил во Претпријатието за пасишта Корча во периодот 1990-1995 година. Во следните пет години, до 2000 година, кога првпат бил избран за градоначалник, имал приватен бизнис.
Оженет е со Филорета Топчиу и има две деца, Џориана и Ралдо.