Беси Хендрикс, најстарата личност во Америка, почина на 115-годишна возраст, објавија американските медиуми.
Беси беше официјално најстарата личност во Соединетите Американски Држави и четврта најстара личност на светот, според податоците на Геронтолошката истражувачка група.
Хендрикс починала во вторникот во Центарот за нега Шеди Оукс во Лејк Сити, Ајова.
Таа е родена на 7-ми ноември 1907 година и надживеала 2 од своите 5 деца, а нејзиното најстаро дете има 90 години.
Својот последен роденден го прославила во старечки дом, а кога наполнила 110 години изјавила дека тајната на долгиот и успешен живот е напорната работа, наведуваат медиумите.
Моментално најстарата личност на светот е Французинката Лусил Рандон, која има 118 години.
Инаку, најдолговечната личност некогаш исто така била Французинка. Станува збор за Жан Калмен, која починала на 122-годишна возраст во 1997 година.