Невработеноста во Русија е на рекордно ниско ниво, соопшти рускиот миниустер за труд Максим Томлин.
Според официјалните податоци од 15 август годинава во Русија има 684.760 невработени лица. Тоа значи дека таа стапка изнесува 4.7 проценти и тоа е најниска стапка регистрирана од 1991 година.
Министерот Томлин додаде дека намалувањето на невработеноста е забележано во 60 региони во Русија.
Пазарот на труд покажува дека има потреба од работна сила, затоа што поствоената „бејби бум“ генерација го напушта пазарот, а новата генерација од периодот на 1990 па наваму не може да ги задоволи пазарните побарувања.
Инаку, и платите бележат раст од 8 проценти во споредба со тие од јули ланската година.