Високите температури во Нов Зеланд се причина да бидат „подобрени“ температурни рекорди како и да бидат блокирани илјадници патници во главниот град Велингтон.
Температурите вчера биле рекордни во Велингтон (30,3 степени), Хамилтон (32,9) и Апер Хат (33,5).
Во Велингтон илјадници патници беа блокирани откако поради невообичаено високите температури беше погодена мрежата на возови. Голем број луѓе изразија незадоволство дека биле оставени да стојат во возовите каде било многу жепко како надвор. Највисоките температури беа измерени во централниот дел од Северниот остров – 34,3 степени Целзиусови. Во 2018 година летото во Нов Зеланд беше најтоплото откако се мерат температури.