Британските пратеници кои се на породилно отсуство добиваат од денеска можност да гласаат преку полномошник.

Парламентот одобри решение кое им дозволува на сите парламентарци кои станале неодамна родители, да побараат од колега да гласа и од нивно име.

Со исто право може да користат и пратенички кои имале спонтан абортус.

Мерката се воведува пробно – една година. Лабуристичката паратеничка Тјулип Сидик ќе биде порвата што ќе гласа преку полномошник за врема на дебатите за брегзит.