По повод Рамазанскиот пост во организација на здружението Amicizia – Пријателство беше организиран ифтaр за нашите сограѓани кои живеат во околијата на Лидо Адриано – Равенна и пошироко, објави денеска генералната конзулка на Македонија во Италија, Фросина Ременски.
– Присуствуваа повеќе од 800 нашинци. Честитки на Здружението за одличната организација, превкусните зготвени јадења на традиционален начин од вредните готвачи, превкусната алва и услугата од неуморните млади кои не оставија никој неуслужен. Чест и задоволство беше да се чувствувам како дома. Да сме живи и здрави сите – со почит и радост да ги чествуваме и поминуваме претстојните христијански и муслимански празници со нашите семејства и пријатели. Само заедништвото е темел на развојот, мирот и иднината, објави Ременска на својот профил на Фејсбука.
Бившата пратеничка и бивша министерка на СДСМ, Фросина Ременски, која беше обвинета и ослободена во аферата Меѓународен сојуз, од неодамна е назначена за генерална конзулка на Македонија во Италија.