На 13-ти февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Фросина Ременски.

Потписник на оваа одлука е потпретседателот на Владата, Фатмир Битиќи.

Фросина Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје.

Како член на СДСМ беше пратеник, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика на Македонија.

Јавноста ја памети како близок соработник на Бојан Јовановски – Боки 13, кога по избувнувањето на аферите поврзани со него, таа беше ставена во „отпишаните“ кадри на СДСМ.