Пратеничката Фросина Ременски по повеќе од три и пол часа заврши со увид во доказниот материјал. Таа не сакаше да ја коментира обемноста на материјалот, ниту што има во доказите.
-Јас на прашања ќе одговорам кога ќе дадам изјава пред јавен обвинител. Видов сè освен докази. На ниту еден документ дел од доказите немам ставено потпис – рече таа.
Ременски не сакаше да одговори дали се има среќавано со бизнисмените кои се оштетени во случајот со невладината „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски.
Во однос на документите од УБК, кои беа пронајдени во нејзниот дом, Ременски рече дека истите не се класифициран материјал.
Исказ пред обвинителката Русковска, пратеничката треба да даде утре.