Елисејската палата денеска изврши реконструкција на француската Влада на Едуар Филип со именување на тројца нови членови на местото на министрите кои го напуштија Кабинетот.
Како што јави МИА, тројцата нови членови на Владата се блиски до францускиот претседател Емануел Макрон уште од првиот ден кога тој тргна во освојување на власта.
За нов државен секретар во Кабинетот на премиерот и портпарол на Владата е именувана Сибет Ндај, државен секретар за европски прашања при Министерството за Европа и надворешни работи е Амели де Моншалан, а за државен секретар за дигитална технологија, Делфин О.
Ова е прво владино искуство за тројцата нови членови на Владата, кои ги заменуваат досегашен портпарол и кандидат за градоначалник на Париз, Бенжамен Гриво, потоа Натали Лоазо, која ќе ја предводи листата на владејачката партија Републиката во движење (РЕМ) за европските избори и досегашниот државен секретар за дигитална технологија Мунир Маџуби, кој исто така е во трка за местото градоначалник на Париз