Словенечкиот играч за врска Марко Гајиќ е нов фудбалер на македонскиот прволигаш Ренова, соопшти попладнево екипата од Џепчиште.
Дваесетитригодишниот Гајиќ доаѓа од редовите на словенечкиот второлигаш Триглав Крањ и е второ странско засилување на Ренова оваа недела, по трансферот на Колумбиецот Џон Еди Мена Перез.
Ренова го заврши есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига на деветтото место со 19 бодови.