Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер (Ryanair) денеска соопшти дека е „во минус“ во третиот квартал на финансиската 2018-2019 година со нето загуба од 20 милиони евра поради што ќе почне голема реорганизација.
За периодот октомври-декември авиокомпанијата е во загуба од 20 милиони евра во споредба со нето профит од 106 милиони евра за истиот период претходната година.
Компанијата е соочена со остра конкуренција во сегментот на летови на кратки релации во Европа, што предизвика големо намалување на цените, а тоа, пак, автоматски го намали профитот.
-Загубата е разочарувачка, но таа во целост се должи на пониските од очекуваните цени на авионските билети и нашите клиенти уживаат толку ниски тарифи, какви што немало досега, истакна Мајкл О’Лири, главен извршен директор на Рајанер.