Британскиот весник „Телеграф“ во патувачка репортажа од Македонија, објавена вчера, се осврнува и на прашањето за Александар Велики, при што авторот Пол Блумфилд пишува дека тој не бил Грк, туку Македонец!
Набројувајќи ги вината во винаријата „Стоби“, каде што направил пауза за ручек, Блумфилд ја споменува „Кратошија“, за која т.н. локален гуру Горки Балојани му рекол дека „ја пиел и Александар Велики“.
„Ах, прашањето за Алекс. Во училиште веројатно сте учеле дека серискиот освојувач бил Грк – сепак, во 4 век п.н.е. не постоела Грција по себе. Не, Александар бил Македонец; прашањето е каде точно била ‘Македонија’. Денешните Грци инсистираат дека таа била на нивна територија, барајќи нивниот сосед да се откаже од името и да се реши долготрајното натегање со поранешната југословенска република – ситуација што повторно осамна на насловните страници овој месец со потпишувањето на прекуграничен договор, со кој оваа земја би можела да се преименува во Република Северна Македонија и да ги отстрани грчките приговори за нејзиното членство во ЕУ и во НАТО“, пишува тој во долгата репортажа насловена „Потценетата европска земја што сигурно ќе ви го подобри здравјето“ и објавена во денешниот број на „Телеграф“.
Авторот на обемната репортажа, која вчера е објавена во „Телеграф“, објавува и галерија од фотографии со разни мотиви од Република Македонија.