Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Трајковски е нов играч на Гостивар.

За гостиварци Трајковски ќе биде големо засилување пред завршницата во Купот на Македонија, како и за домашниот шампионат.

Триесет и двегодишниот кошаркар во Македонија се враќа по една интернационална сезона во Унгарија.

Во минатото Бојан Трајковски настапуваше за повеќе македонски екипи меѓу нив и за МЗТ Скопје и Работнички, а во странство покрај унгарски АСЕ има играни и за Сигал Приштина (Косово) и Слупск (Полска).