Владејачката партија СДСМ со помош на судството кое работи по нивна директива, врши преизборна медиумска хајка против медиуми врз кои нема контрола. Како се приближуваат предвремените парламентарни избори, така се зголемува притисокот врз медиумите, се нижат пресуди, казни, обвинувања, закани, како и уцени на дневна основа, пишува порталот „Република“.

По пресудата со шестмесечната затворска казна или условна казна од 2 години за уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, којшто е прв ваков пример во Европа, судиот во текот на вчерашниот ден со уште една нелогична пресуда и притоа наложување медиумот да ги сноси трошоците на тужената страна во постапката во висина од 135 357 денари. И покрај изнесените клевети и лаги судот донесе ослободителна пресуда за скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој наводно, не сакал да оцрни медиум, туку погрешно бил разбран.

Прво судската постапка, по поднесена тужба од „Република“ против тогашниот портпарол на СДСМ, сега скопски градоначалник, траеше неразумно долго – 4 години. Причина полтичкиот ангажман на Петре. Првостепената постапка се влечеше 3 години, една година постапката пред Апелациониот суд. Шилегов не доаѓаше на рочишта, судијката Весна Калковска имаше разбирање зошто Петре бил тоа што бил… Градоначалник. Да беше обичен работник, ќе немаше пардон, истражарно ќе го приведеа, ама Петре си е Петре. Му се може, кога, судството е во рацете на неговиот партиски лидер Зоран Заев. Впрочем, и Заев сам си кажа – без него ништо не се може.

Калковска за време на рочиштата се обидуваше да објасни дека Шилегов не мислел на медиумот Република кога на прес конференција одржана пред просториите на медиумот Република мафташе со податоци од Централен Регистар на медиумот, објавувајќи ги и личните податоци на директорот на Република, Доне Доневски, како име и презиме, адреса на живеење и матичен број. Впрочем, и таа постапка, пред Дирекцијата за заштита на лични податоци се крие во фиока. Очигледно судењето имаше цел да го оправда Петре Шилегов и да ни образложи на нас, како тужители, што сакал Петре да каже. Не е битно што тој изнесе груби лаги и невистини, за некакви наводно добиени тендери. Станува збор за сосема друго правно лице, а Петре истите тендери ги посочи како тендери кои ги добил нашиот медиум. Република и во оваа прилика најодговорно тврди дека не само што тие тендери не седобиени, туку дека Прва Република никогаш не учествувала на никакви тендери. Сосема случајно Петре стоел тука и сосема случајно на медиумите им делеше податоци за Прва Република, фирмата под која е медимот Република.

Целиот текст можете да го прочитате тука.