Нови аудио-снимки од разговори се објавени на сервисот „Јутуб“, овојпат, од канал именуван како „ГолиТру“. Станува збор за пет снимки, на кои се слуша како Антонио Милошоски разговара со Јово ВАнгеловски но и со други лица за предмет з кој одлучувал врховниот суд.

На снимките се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој разговара со повеќе лица, а во врска со предмет за Здружение на возачи-Кичево. Во предметот бил вмешан таткото на Милошоски. На првата снимка објавена на „Јутуб“, се слуша како Антонио Милошоски му се претставува на експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Сите видеа може да ги видите на следниов линк: https://www.youtube.com/channel/UCbbF2MCss4sfgnuowOGRPOg