Најдено е мудро решение и решен е проблемот со настапот на српската турбо-фолк ѕвезда Аца Лукас и тој ќе пее на Џој фест во Крива Паланка.

Проблемот „што ја потресе Македонија“ настанал поради грешка на менаџерскиот тим на Аца Лукас, кој на ист датум му закажал настап на и во Македонска Каменица и на фестивалот во Крива Паланка.

Соломонското решение е: Аца Лукас ќе пее на плоштадот во Крива Паланка, во склоп на Џојфест, на 28-ми август, кој пак е во рамки на манифестацијата Кривопаланечко културно лето 2022.

Во Македонска Каменица, пак, соопштија дека на 28-ми август наместо Аца Лукас, концерт ќе одржи хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо.

-Еден од најпознатите хрватски изведувачи, текстописци, кантавтори и композитори, човек кој во богатата кариера соработува со сите популарни балкански музичари и е добитник на сите музички награди во регионот, доаѓа во Македонска Каменица.

Петар Грашо со комплетна екипа е подготвен за спектакуларно музичко доживување- информираа од општината.