Калеб Кук, момче од Велика Британија, одлучи да живее и покрај најлошите прогнози на лекарите.
По раѓањето, во живот го одржувале апарати, бидејќи се родил со сериозно оштетување на мозокот поради недостаток на кислород за време на бременоста и породувањето.
Лекарите, 10 дена по раѓањето, ги повикале родителите Беки и Фил да се збогуваат со своето бебе. Ним им било кажано дека мора да ги исклучат апаратите, бидејќи веќе немало надеж.
Апаратите биле исклучени, но момчето продолжило самостојно да диши! Го стиснал прстот на мајка си и ја погледнало како да сакало да и каже дека сè ќе биде добро, да не се грижи.
– Ова ќе биде негов прв Божиќ што ќе го помине со нас дома. И покрај неговите комплексни потреби и сериозни повреди на мозокот, тој сака да се смее, особено кога ќе го слушне гласот на неговата постара сестра, вели Беки.
На Калеб му е дијагностицирано сериозно и неповратно оштетување на мозокот како резултат на изложеноста на детето на недоволно ниво на кислород. Иако предвидувањата за неговата иднина се неизвесни, семејството ужива во секој момент поминат во друштво на ова весело момче.