Ресторан во германскиот туристички остров Руеген на Балтичкото море забрани влез на деца во вечерните часови.
-Размислувавме за тоа веќе некое време, рече Рудолф Маркл, менаџерот на ресторанот Омас Куех во островскиот град Бинз.
Гостите под 14 години после 17:00 часот нема да можат да влезат во ресторанот, бидејќи не знаат да се однесуваат, а родителите не се грижат за тоа. Децата им досадуваат на гостите на соседните маси, ги влечат чаршафите од масите и превртуваат чаши со вино.
-Родителите тоа го гледаат со смеење, продолжуваат да јадат и воопшто не им е грижа, додава Маркл.
Без нив, гостите конечно ќе имаат мир. Претседателот на сојузи на хотели и ресторани во германската покраина Мекленбург, на западното крајбрежје, каде што се наоѓа и Руеген, не е среќен поради таа одлука, но нагласува дека секој угостител има право да ја води својата работи како што сака.
-Ние во Мекленбург настојуваме да бидеме пријатели со децата, вели Ларс Скварц.
Без нив, гостите конечно ќе ја имаат својата оаза на мирот, вели Маркл.
Претседателот на здружението на хотели и ресторани во германската провинција Мекленбург-Западна Померанија, каде што се наоѓа Руген, не е задоволен од таа одлука, но нагласува дека секој угостител има право да ја води својата работа онака како што сака.