Институциите на Европската унија не се доволно заштитени од кибер напади, според Ревизорската управа.
Бидејќи институциите на ЕУ се тесно поврзани, слабите точки кај која било од нив, може да предизвикаат закана за безбедноста, се наведува во заклучокот.
Се препорачува воведување обврзувачки правила за кибер безбедноста и обезбедување повеќе средства за заштита од можни напади.
Во соопштението се наведува дека, меѓу 2018 и 2021 година, десеткратно е зголемен бројот на тешки кибер напади врз институциите на ЕУ.
Се укажува на тоа дека, бидејќи сè повеќе вработени работат од дома, хакерите имаат поголеми можности за напади.
Како што се истакнува, истражувањето на таквите напади, како и да се отстрани штетата, може да траат повеќе недели, па дури и месеци.
Како пример е наведен кибер нападот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во декември 2020 година. Тогаш, непознати лица илегално дошле до документи за вакцина против коронавирус од компанијата Бионтек-Фајзер.
Како слаба точка, тогаш се покажа ИТ системот на ЕМА.