Скопјанката Тамара Ажиевска денеска преку нејзиниот профил на ФБ кој инстантно беше споделуван, објави дека резервирала соба во грчкиот хотел Katina’s house, без право на поврат на парите во случај на откажување н резервацијата, но дури подоцна видела дека повратно и стигнало и следното:
„Катина хаус:
Макеоднија е една единствена и таа е грчка!
4000 илјади години на македонска историја и гордост…
Во благодариме за вашата резервација и вашиот избор.
За да биде потврдена резервацијата, најнапред треба да прифатите дека Скопје е словенска држава и нема никаква врска со античката грчка историја.
Во спротивно, откажете ја резервацијата и имајте убав ден“.