Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на чие чело е првиот вицепремиер Артан Груби утре ќе се всели во зградата на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (ПУИГ).
Министерството на Груби ќе биде првата институција што ќе се всели во зградата која е изградена од поранешната власт и премиерот Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.
Денеска премиерот Зоран Заев, а претходно и министерот Оливер Спасовски објавија дека ќе го вратат во Македонија да лежи в затвор, а градоначалникот на Скопје Петре Шилегов постојано е „на готовс“ за уривање на спомениците од проектот „Скопје 2014“.
И зградата во која утре се сели Груби е еден од тие споменици, како и зградите на новиот театар, Уставен суд, ОЈО, Министерството за надворешни работи итн.
Владата на Заев минатиот месец донесе одлука во таа зграда да сместат службите кои сега плаќаат кирија на приватни сопственици.
– Ве известуваме дека утре, на 4 јануари 2021 година (понеделник) со почеток во 12, ќе се одржи отворањето на објектот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. На настанот ќе присуствува и премиерот на РС Македонија, г. Зоран Заев. Новата адреса на објектот на Министерството за политички систем: е на ул. Филип Втори Македонски број 11 (објектот пред влезот од подземната гаража на Македонскиот народен Театар), се вели во соопштението на Министерството.
(Д.Г.)