Од денеска 8 мај 2026 година, официјално се пуштени во продажба билетите за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2027 помеѓу машките ракометни сениорски репрезентации на Македонија и Словачка, информираат од Ракометната федерација на Македонија.
Реванш дуелот од мундијалскиот бараж ќе се игра на 17 мај 2026 (недела) со почеток од 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.
Билетите за овој меч во Скопје се по цена од 400 и 500 денари.
Билетите се достапни преку продажната мрежа на MK Tickets на следниот линк ТУКА
Потсетување, дека првиот натпревар од баражот за СП ќе се игра на 14 мај во Прешов.




