Ria Money Transfer е познат финансиски лидер специјализиран за меѓународни трансфери на пари уште од 1987 година.
Знаеме дека секој цент е важен! Затоа Ria Money Transfer нуди 50% попуст за новите корисници на сите трансфери од С.Македонија во целиот свет односно 20% попуст на сите трансфери од С.Македонија за постоечките корисници.
Со цел да им обезбедиме на сите корисници брз, безбеден и економичен трансфер на пари, како и позитивно корисничко искуство, решивме да ја наградиме не само лојалноста на постоечките корисници со шифрите: WELCOMERIA и MAK20, туку и да ги донесеме услугите на платниот систем Ria Money Transfer поблиску до новите корисници – изјави Дардан Бајрами, извршен директор.
Ria Money Transfer е познат финансиски лидер специјализиран за меѓународни трансфери на пари од 1987 година. Втора по големина компанија во светот кога се во прашање трансферите на пари. На повеќе од 500.000 локации во над 180 земји, Ria Money Transfer гарантира брз и сигурен трансфер на пари со многу поволни провизии. Компанијата ја има најголемата светска мрежа на банки за директни депозити која се состои од повеќе од 3,6 милијарди банкарски сметки, како и над 443 милиони корисници на мобилни паричници, при што 90% од трансакциите на банкарските депозити се вршат во реално време.
Риа е во сопственост на Euronet World Wide Inc. што ни дава исклучително силна финансиска основа за многу брзи и сигурни трансфери низ светот. Наши партнери се А.Д. Пошта на С.Македонија со повеќе од 10 локации и нашите агенти со повеќе од 100 локации распределени низ целата земја, затоа корисниците можат да примаат и испраќаат дознаки во која било експозитура на А.Д. Пошта на С.Македонија и од нашите означени локации низ цела Македонија.
Работиме со партнери лоцирани низ целиот свет и избираме да соработуваме со мрежи на субјекти кои ја делат нашата заедничка посветеност, се со цел подобра и поквалитетна пристапност до корисниците. Континуирано работиме на проширување на нашата мрежа на локации за плаќање и повлекување и затоа очекуваме натамошно проширување на мрежата на агенти, заклучува Бајрами.