Руската новинска агенција РИА Новости јави дека чеченскиот лидер и сојузник на Владимир Путин, Рамазан Кадиров рекол дека неговите три малолетни синови ќе одат во борба во Украина.

– Малолетноста не би требало да смета во обуката на бранителите на нашата таковина. Ахмет, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но, нивната воена обука ја почнаа одамна. Од мали нозе. И не се шегувам. Време е да се покажат во вистинска борба, а нивната желба само ја поздравувам. Наскоро ќе излеат на првата борбена линија и ќе бидат на најтешките места, вели Кадиров.

Тој го критикуваше повлекувањето на руските сили од Лиман.

Кадиров на својот канал на Телеграм објави дека руските сили „не ги добиле сите потребни информации и муниција“ и го обвини командантот на Централниот воен округ Александар Лапин, обвинувајќи го дека го преселил неговиот штаб во Старобилск, кој е „100 километри од неговиот подредени“, додавајќи дека „се скрил во Луганск“.