Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери е мотивиран за претстојниот реванш-натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, кој е на програма следната среда.

– Натпреварите против Ливерпул се многу важни. Јас сум многу мотивиран. Кога играш во ЛШ, чувството е посебно, тоа е друга атмосфера, изјави Французинот.

Поради повредата на Кингсли Коман ветеранот е со добри шанси да го започне дуелот како стартер.

– Подготвен сум за натпреварот, можам да играм! Одлуката зависи од Нико Ковач, но ние имаме добри односи и голема доверба. Ние сме добро и играме дома. Ливерпул е силен тим, но ние сме Баерн. Имаме доверба во нашето претставување, немаме страв од Ливерпул. Ако играме заедно и се бориме, можеме да дојдеме до четвртфиналето!, вели Рибери.