На седмото издание на музичкиот фетивал „Џојфест“ во Крива Паланка кое ќе се одржи на 25 август ќе настапи Српскиот рок-состав „Рибја чорба“.

Фестивалската програма на „Џојфест 2018“ ќе започне во 20 часот и 30 минути, а настанот ќе се одржи на централниот градски плоштад во Крива Паланка.

Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Михајловски, најави уште едно незаборавно дружење, позитивна атмосфера и добра забава.

– Ова е седмо издание на фестивалот кој најпрвин ја вастапува македонската музика, со надополнување на програма со странски изведувачи. Досега за седум години настапиле четири странски изведувачи, а над триесетина македонски артисти. И годинава, пред настапот на „Робја чорба“ предгрупа се Фиц , „Студени нозе“-Трансформерс бенд и локалниот кривопаланечки бенд „РГБ“, изјави Михајловски.

Рече, како и во изминатиет години, и годинава очекуваат голема посетеност и бројна публика од соседството и регионот.

– На „Џојфест“ секоја година има голем број посетители, љубители на добра музика, а очекуваме така да биде и годинава. Имаме обезбедено доволен број паркинг места, а фестивалот е од отворен карактер и се одржува на градскиот плоштад, така што, сите кои се заинтересирани за добра музика и забава, се добредојдени. Се што треба да понесат е добро расположение и добра волја. Крива Паланка секогаш била добар домаќин, таква атмосфера ветуваме и овој пат, додаде Михајловски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, посочи дека се е подготвено за претстојните фестивалски денови во градот, а во соработка со надлежните служби ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим.

– Оваа година со одлука на седница на Советот сите локации-јавни површини во близина на плоштадот, достапни за угостители и продажба, беа отстапени на користење бесплатно. Деновиве се уредуваат интензивно и дел од јавните површини во градот за што подобро претставување на општината, со цел привелкување што поголем број туристи и публика и подобро претставување на општината, рече Мицевски.

МИА